На Пуцко петрол во Карпош и натаму без никаков проблем се полнат плински боци

Објавено: недела, 19 јули 2020 во 13:57
Spread the love

Порталот МКД.мк во мај објави дека на бензинската пумпа на Пуцко петрол во скопската населба Карпош 3 се кршат сите законски норми во однос на забраната за полнење на плински боци. Денеска повторно успеавме да фотографираме како на истата бензинска без никаков проблем може да се наполни плинска боца.

Сите досегашни апели и законски норми за полнење на плинските боци на соодветни места на оваа точка не важат. Според законот, забрането е да се полнат плински боци на бензинска пумпа.

Но, за Исмаил Јахоски, сопственикот на Пуцко петрол тоа не важи.

Којзнае како ќе биде откако Јахоски и официјално ќе стане пратеник и ќе влезе во законодавниот дом (од листата на ДУИ). Неговата компанија и досега беше речиси редовен добитник на државните тендери за набавка на екстралесното гориво.

Превземено од МКД.мк