Косовец се обидел да прошверцува лав

Kосовската полиција уапсила лице под обвинение дека се обидел да прошверцува лав во кафез, јавуваат приштинските медиуми.

Обвинетиот го носел лавот од Албанија, а обвинителот му одреди мерка притвор во траење од еден месец.

Според медиумите, станува збор за угостител кој има сопствен ресторан во село во Косово.

Тој го шверцувал животното од Албанија преку планински патишта, без никаква придружна документација.