Македонските навивачи за Македонија, „Балисти“ најавија поддршка за Косово!

Објавено: вторник, 28 јануари 2020 во 12:07
Spread the love

Македонски навивачи од повеќе спортски екипи од државава ќе бидат здружени на мечот на македонската фудбалска селекција против Косово, во баражот за Европското првенство 2020, а дуелот закажан за 26 март од 20:45 часот.

На мечот се очекува да присуствуваат Чкембари, Лозари, Војводи, Рибари, Мајмуни, Паткари, Гемиџии Гостивар, Фаланга, Лебари, Гемиџии Велес, Ултра банда, Сејмени, Улави, Ѓаоли.

Од друга страна пак, навивачите на првакот Шкендија, „Балисти“ најавија дека ќе го бодрат нашиот противник, Косово, во тој дуел.

„Балисти, со сите сили кон Скопје на арената „Адем Јашари“. Национална обврска кон албанските браќа“, соопштуваат „Балистите“.