ДОБРА ВЕСТ ЗА ДЕПРЕСИВНИТЕ Данците развиваат напреден софтвер за магнетна стимулација на мозокот

Објавено: вторник, 28 јануари 2020 во 13:03
Spread the love

Угледни дански истражувачи развиваат специјална метода за третман на пациенти кои се резистентни на третман со лекови, психотерапија или други видови класична терапија, најавува специјализиран портал.

Станува збор за напреден софтвер за магнетна стимулација на мозокот.

Истражувачите ќе развијат метода со употреба на слики од магнетна резонанца, за да утврдат најдобар третман со магнетна стимулација за конкретни делови од мозокот, со оптимални дози.

Проектот добил грант од 14,2 милиони дански круни грант од дански фонд за иновации. Близу 20 отсто од популацијата во Данска искусила депресија барем еднаш во животот. Депресијата данскиот буџет го чини 10 милијарди круни годишно.

Илустрација: pixabay.com