Денеска се слави Преподобен Гаврил Лесновски роден во Македонија

Објавено: вторник, 28 јануари 2020 во 00:22
Spread the love

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 jануари.

Денеска е Преподобен Гаврил Лесновски.

Тој бил родум од Македонија, Словен по потекло, од село Осиче, паланечко. Живеел во 11 век. Свети Гаврил бил монах пустиножител. Се подвизувал 30 години во Лесновската планина близу Кратово, откако претходно изградил црква и основал манастир. Во манастирот се вратил пред својата смрт.