Христијан Врапчески го фати крстот во Кичево

Објавено: недела, 19 јануари 2020 во 11:36
Spread the love

Во Кичево 25-годишниот Христијан Врапчески го фати крстот од осветените води во базенот на поранешниот Дом на АРМ.

Прво во црковниот храм „Свети Петар и Павле” беше отслужена утрена богослужба, а потоа поворката се упати кон базенот, каде што се одржа завршниот чин. Пред полагањето на крстот беше извршен водосвет на водите во базенот од страна на свештенството од кичевскиот храм.

Потоа дваесетина жители на градот, претежно млади, се фрлија по крстот, а од осветените води него го извади младиот Христијан Врапчески.

Од страна на Општина Кичево Врапчески доби златен крст како подарок.

МИА