Заев се отселил од премиерската вила и сега е кираџија во Скопје

Објавено: петок, 17 јануари 2020 во 23:10
Spread the love

Зоран Заев иако повеќе не е премиер на Македонија и понатаму останува да живее во Скопје. Како што објави „Плусинфо“, претседателот на СДСМ ја напуштил премиерската вила на Водно кога ја поднел оставката на 3 јануари, но изнајмил стан во главниот град.

Тој во текот на целокупниот мандат како шеф на Владата го мина на Водноод летото 2017 година. Во Скопје ќе претстојува и натаму за време на работната недела, додека викендите вообичаено ќе ги минува во Струмица.

Заев во моментов нема државна функција, но се очекува да ја диригира предизборната кампања до 12 април.