Се појави нов мистериозен вирус – американските власти ги прегледуваат патниците од Кина на аеродромите

Објавено: петок, 17 јануари 2020 во 22:53
Spread the love

Последен пат кога беа правени вакви проверки на аеродромите ширум САД беше во 2014 година поради ебола.

На три аеродроми во Соединетите Американски Држави, американскиот центарот за контрола и превенција на болести испрати свои претставници за да ги прегледуваат патниците кои доаѓаат од кинескиот град Вуан, јавува Си-Ен-Ен.

Кај кинеските патници ќе се прават рутински прегледи за да се види дали имаат температура или некои од другите симптоми на новиот мистериозен вирус, Коронавирус 2019.

Вирусот досега беше смртонесен за две лица во Кина, а заразени се десетина луѓе.

Засега американските власти охрабруваат и велат дека нема простор за паника.

Последен пат кога беа правени вакви проверки на аеродромите ширум САД беше во 2014 година поради ебола.

Голем дел од заразените добиле воспаление на белите дробови. Коронавирусите, меѓу кои влегува и САРС-от, се чести кај животните.

Најверојатно вирусот го добиле по пазарење во големи рибарници и пазари.