Скопјанец избоден од соседите
Објавено:
среда, 15 јануари 2020 во 22:55
Вчера околу 9.30 часот дежурен лекар од комплекс клиники „Мајка Тереза“ во полиција пријавил дека кај нив е донесен Б.Д. (44) од Скопје кој имал убодни рани во грбот.
Од започнатата истрага на полицијата е утврдено дека повредите му биле нанесени во дворот од неговата куќа на улицата „376“, од соседите Б.М. и А.Н., и двајцата од Скопје, по меѓусебна вербална расправија.