Ракета „Калибар“ погодува цел во Црното Море (ВИДЕО)

Објавено: недела, 12 јануари 2020 во 22:16
Spread the love

Маневрите се одржани во склоп на заедничките вежби на Црноморската и Северната флота.

Телевизиската станица „Ѕвезда“ објави снимка од лансирање на ракета „Калибар“ на вежбите во Црното Море, на кои присуствуваше претседателот на Русија Владимир Путин.

Ракетите кои прецизно ги погодија целите беа истрелани од екипажите на фрегатата „Адмирал Григорович“, малиот ракетен брод „Орехово-Зуево“ и подморницата „Колпино“.

Исто така, на вежбите кои од палубата на ракетниот крстосувач „Маршал Устинов“ лично ги следеше претседателот на Русија Владимир Путин , успешно беше тестирана аеробалистичка ракета „Кинжал“.

Крстосувачките ракети „Калибар“ спаѓаат во едно од најефикасните убојни средства во вооружувањето на бродовите и подморниците на руската Воена морнарица. Широко беа користени во воената операција во Сирија, каде ги потврдија своите високи тактичко-технички карактеристики.

Извор: Руска реч