Мало момче му пее песна на братчето со Даунов синдром (ВИДЕО)

Објавено: недела, 12 јануари 2020 во 22:30
Spread the love

Неодоливо видео од две братчиња стана хит на социјалните мрежи. Нема поискрена љубов од љубовта на децата. Сите видеа во кои главна улога имаат бебиња и мали деца се неодоливи.

Во видеото, малиот Рајс го држи в раце своето братче со Даунов синдром и му ја пее песната „10.000 Hours“ . Тој  сметал дека е песна за нив двајца.

Видеозаписот го сподели мајката на момчињата и напиша:

„Вака се поврзува Рејс со Трип. Му пее цело време. Тој се заколна дека оваа песна е за него и неговиот брат. Тој пее: „Поминав 10 000 часа, и 10 000 повеќе ако тоа е потребно за да го научам твоето слатко срце.  “Љубовта не ги брои хромозомите, или како што вели Рејс:„ Зарем не сме сите различни? “ – напиша Никол, која е мајка на 5 деца.

„Трип не е ни свесен колку голема разлика веќе прави во светот“ – додала таа откако видеото стана вирален хит.