Иранскиот духовен водач Али Хамнеи: Албанија е непријател, таа е лоша европска земја!

Објавено: среда, 8 јануари 2020 во 22:25
Spread the love

Иранскиот духовен водач Али Хамнеи ја прогласи Албанија за непријател, додавајќи дека таа е „лоша европска земја која ги згрижила нивните непрјатели“.

-Тоа е многу мала, но многу ѓаволска европска земја, каде американските елементи соработуваат со иранските предавници и планираат против Исламската Република. И планот што тие го имаа јасно се виде, со протестите што се одржуваа во Иран, бидејќи некои од тие предавници дојдоа во Иран да протестираат. Агентите на непријателот започнаа да го спроведуваат планот за саботажа, убивање и уништување на нашата влада и нашот Устав, изјавил Хамнеи,пренесува Топ чанел.

Во Албанија првата група ирански муџахедини пристигна во 2016 година според договорот со САД. Сега во т.н. град на муџахедните сместени се неколку илјади.