Светот е пред нова војна: Иранците за прв пат развеаја црвено знаме кое симболизира тотална војна

Објавено: недела, 5 јануари 2020 во 00:02
Spread the love

Иранските теолошки власти го подигнаа црвеното знаме кое означува почеток на тотална војна, над џамијата Џамаркан во градот Ком. Според шиитската муслиманска традиција развејувањето на црвено знаме над една од најважните џамии во Иран значи дека земјата се наоѓа во состојба на општа воена мобилизација и дека следува тотална војна. Според арапските медиуми, ова знаме се подигнува за прв пат во историјата на Исламската република.

Ваквиот потег следува по ликвидацијата на врховниот ирански генерал Касим Сулејмани во Багдад од страна на американски дронови, а по директна наредба од претседателот Доналд Трамп. Иранските власти се заканија дека ќе следува жестока одмазда во било кој момент.