Фуркан го убил Пино, Анѓела му помогнала, поднесено обвинение

Обвинителството поднесе кривична пријава за Анѓела Ѓорѓиевска, девојката на убиениот Пино Секондо.

На 31.05.2019 година Единица за насилен криминал при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ф. А. (27) и А. Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело “убиство“ предвидено и казниво по член 123 од КЗ на РСM.

Анѓела се товари како соучесник во делото убиство на Пино кое се случи на 11.12.2018 година.

Според обвинителството обвинeтaтa Анѓела го повикала сега пoчинaтиoт Пинета Секондо Пино, и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров каде што веќе бил пристигнат Али Фуркан, осомничен  за убиството кој со возило „опел аскона“ во кое со себе носел огнeно opyжје – пyшкa

Али Фуркан го оставил неговото возило на насипот и седнал да управува со автомобилот Шкода со кое до насипот дошол Пино.

Со возилото управувал Али Фуркан, до него на совозачкото седиште седела Анѓела а Пино седнал на задно седиште.

Тројцата се упатиле по обиколница кон атарот на селото Арачиново и во една нива започнале најпрвин вeрбална pacправија, а потоа и тeпaчка. Во еден момент ocoмничениот со пyшкaта го зacтpeлал во главата оштeтeниoт Пино Секондо.

„Притоа, обвинетата дала особен придонес кон извршување на делото, така што овозможила да се сретнат, иако знаела за нивната меѓусебна нетрпеливост. Таа го повикала оштетениот, била присутна во моментот на неговото лишување од живот, а потоа заедно со другиот осомничен го ставиле телото на починатиот во багажникот на возилото. Заедно тие се упатиле кон гробиштата во селото Сингелиќ, а потоа се движеле низ планината кон Љуботен. На едно место здогледале дупка, па обвинетата и нејзиниот соизвршител го оставиле телото во дупката, покривајќи го со ќебе” соопштуваат од Основното јавно обвинителство.

И по неколку месеци од разоткривање на случајот се уште не се знае дали е пронајдено возилото на Пино но и пушката со која тој е убиен.

За потсетување, мајката на Пино од декември минатата година, неколку пати организираше протести пред Собранието, а нејзиниот син го бараше и Интерпол.

Пинета Секондо, беше исчезнат од 11.12.2018 година, а беше пријавен од страна на неговата мајка, во ПС при СВР Скопје. На 29.04.2019 година во Единицата за известување и команда во Скопје од страна на непознат граѓанин, беше пријавено е дека на место викано Башинец во атарот на с.Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења.

На 30.05.2019 година второпријавената А.Ѓ. е лишена од слобода во просториите на СВР Скопје, но набрзо потоа беше пуштена. Ангела била исто така на полиграф но го поминала.