Трамп: За две години направив повеќе од кој било американски претседател

За помалку од две години мојата администрација постигна повеќе од речиси која било друга администрација во историјата на нашата земја“, кажа Трамп во говорот на Генералното собрание на ОН.

САД така „станаа посилни, побогати и побезбедни“, кажа американскиот претседател, на што присутните светски лидери се насмеаја.

Американскиот претседател со насмевка им одговори: „Не ја очекував оваа реакција, но и тоа е во ред“.

Инаку Трамп доцнеше на својо годишен говор на Генералното собрание на ОН. Поради неговото доцнење организаторите мораа да го изменат редоследот на говорниците.

Според првичниот план, Трамп требаше да зборува втор по ред на денешното заседание, по претседателот на Бразил Мишел Темер.

Меѓутоа, по говорот на Темер следеше непријатна пауза додека одговорните во ОН ја подготвуваа говорницата за третиот државник, претседателот на Еквадор Ленин Морено Гарсес, кој е во инвалидска количка, пренесува Асошиејтед прес.

Трамповата поворка пристигнала во седиштето на ОН во Њујорк за време на говорот на Гарсес, а Белата куќа сѐ уште нема објаснето зошто Трамп доцнел.