Незапаметена сцена на нудистичка плажа: Чамец со мигранти пристигнува, бегаат на сите страни, капачите во шок

Неколку мигранти од Мароко дошле до брегот на Шпанија и ги изненадиле туристите на плажата Дел Кануело на Тенерифе во Шпанија.

Во трагикомичната сцена која во петокот ја снимиле фотографите на “Reuters”, мигрантите веднаш по закотвувањето на чамецот бегаат на сите страни кон шумата, за да ја избегнал шпанската полиција, пишува “Jutarnji List”.

Капачите, од кои некои нудисти, притоа во чудо гледале што се случува и мажи како трчаат на сите страни.

Околу 1.600 мигранти само оваа седмица пристигнале на шпанскиот брег.