Уценувал полицаец да му врати пари што ги платил за сообраќајкна казна со наводни компромитирачки фотографии

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.М.(45) од Гостивар поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „уцена“ предвидено и казниво по член 259 од КЗ на РМ.

Имено Р.М. уценувал полициски службеник од Полициската станица Гостивар да му врател пари во висина на парична казна за сторен сообраќаен прекршок, кој претходно бил констатиран на пријавениот, заканувајќи се дека во спротивно ќе објавел видео снимки и фотографии со инкриминирачка содржина со која би можел да му наштети на неговиот чест и углед.