(ФОТО) Грчките медиуми за ќерката на Заев: Да се пријави на избор за убавина

Зоран Заев е во центарот на вниманието на медиумите во регионот, како поради договорот со Атина за новото име на Македонија, така и поради неговата преубава ќерка Александра.

Па така голем број медиуми во Грција, но и во целиот регион, деновиве пишуваа и за неговата ќерка која е мошне популарна на социјалните мрежи во нашата земја, а некои од нив пренесоа и дека Александра е толку е убава и згодна што слободно може да се пријави и да ја претставува Македонија на некој натпревар за убавина.