За било каков напад на полиција се легнува на земја, му се ставаат лисици на раце и се спроведува во полициска станица на распит, а не се води пријателски разговор

За било каков напад на полиција се легнува на земја, му се ставаат лисици на раце и се спроведува во полициска станица на распит, а не се води пријателски разговор, напиша на Фејсбук, професорката Мирјана Најчевска во врска со вчерашниот инцидент каде високиот функционер на ДУИ, Бекир Асани, нападна полициска службеничка откако пајак службата му го кренало возилото на раскрсницата кај Мавровка.

-Секој напад на полицаец мора да биде строго казнет, а напад на жена полицаец уште построго. Така се бориш со мафија, и така воспсоставуваш почитување на полицијата од страна на секој граѓанин, напиша Најчевска. -Секојдневно слушам за случаи на насилство од страна на високи партиски кадри и државни функционери на ДУИ, и посебно за сексуално обоено насилсво, и никој не се осмелува да им се спротистави. Сега знам и зошто. Па тие и полицијата ја тепаат, а камоли некој обичен граѓанин, вели Најчевска.