Селмани: Правната држава клекна пред еден силеџија, поддржан од ДУИ

„Правната држава клекна пред еден силеџија, поддржан од ДУИ.

Владата должни објаснување, кој врши притисок врз полицајката Јасмина Jаначковска да ја смени изјавата за инцидентот кај Мавровка.

Ако не ја заштитиме Јасмина, Македонија ќе биде држава на силеџии како Беќир Асани! Брука!“, напиша Насер Селмани, претседател на ЗНМ, на својот Фејсбук профил.