ФОТО: Светски ѕвезди што немале секс пред да стапат во брак

Некои ѕвезди во брак влегле невини. Други, пак, решиле да апстинират од секс со своите партнери пред да стапат во брак, иако претходно имале секс со други.

Мараја Кери

Апстинирала со поранешниот свршеник Џејмс Пакер, а тоа го направила и со екссопруг Ник Кенон.

„Ник и јас веруваме во исти работи, па одлучивме малку да почекаме за секс додека не стапиме во брак“, изјавила своевремено Мараја.

Али Лендри

Стана мис на Америка во 1996 година. Призна дека со сопругот Алехандро Монтеверде немале сексуални односи до нивната венчавка во 2006 година.

Џесика Симпсон

Поради своите баптистички верувања, одлучила да остане девица додека не се омажи. Првпат имала секс на 22 години со тогашниот сопруг Ник Лашеј. Се развеле по четири години брак.

Адријана Лима

Бразилската манекенка изјави дека се воздржала од секс пред бракот. Откако изјави дека ќе остане девица до првата брачна ноќ, почна врска со српскиот кошаркар Марко Јариќ. Заедно беа три години пред да се венчаат. Имаат две деца, а се разведоа пред неколку години.

Тина Феј

Комичарката откри дека првпат имала секс на 24 години со сегашниот сопруг Џеф Ричмонд. Од сексуални односи се воздржувала бидејќи сакала да го најде мажот на својот живот и со него да ја изгуби невиноста.

Сиајра

Сијара од неодамна е во брак со ѕвездата на „Сиетл Сихокс“, Рајан Вилсон. Иако живееја заедно пред бракот, Сијара не сакала да имаат секс. Пред Вилдсон пејачката беше во брак со раперот Фјучр од кого се разведе поради неговите неверства.