Полицајката нападната од Бекир Асани заврши со повредена рака

Висок функционер на ДУИ, Бекир Асани денеска наутро вербално нападнал и агресивно се однесувал кон полициска службеничка додека таа асистирала на вработени од „Градски паркинг“ при кревање на непрописно паркиран автомобил“. Автомобилот на Асани бил оставен на крстосницата во близина на плоштадот „Скендербег“.

Откако лицето со иницијали Б.А. агресивно се однесувал кон полициската службеничка, биле повикани и други полициски службеници на местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот “, стои во билтенот од МВР.

По инцидентот Асани бил однесен во полициската станица Битпазар каде што дал изјава за настанот.

Бекир Асани е експретседател на огранокот на ДУИ во Чаир. За него МВР има регистрирано неколку инциденти меѓу кои за напад на претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров. Асани пред 5 години ја предводеше група која што се обиде да го искрши споменикот на цар душан на мостот око а самиот со голем чекан удрал по споменикот. Асани во 2008 година физички го нападнат новинарот Лирим Дулови во зградата на македонското собрание. Дел од медиумите за време на таканаречените бомби објавија дека Асани му се заканувал на сегашниот премиер Зоран Заев да не објавува прислушкуваните разговори меѓу функционери на ДУИ.

Казната за вербален напад на полицаец е од 600 до 900 евра. Во своето соопштение МВР не информира дали возилото на Асани е подигнато од пајак службата.