„Комити“ обвинуваат: „Шверцери“ со нож избодеа наш член -должни сме да го подготвиме и повикаме членството на самоодбрана со сите средства

Денешниот немил настап во центарот на Скопје во кој со нож беше прободено 16-годишно момче донесе реакција од навивачката група „Комити“, која настраданиот го идентификува како свој член поради што побара МВР и одговорните да ги најдат виновниците.

Според фановите на Вардар, причина за трагедијата бил фактот што повреденото момче навивало за друг клуб во однос на напаѓачите, кои, според „Комити“, биле членови на навивачката група „Шверцери“. Според нив, 16-годишниот навивач е во болница каде што му се извршени неколку операции и се наоѓа во тешка состојба.

Истовремено, тие најавуваат дека ќе заборават на сите навивачки правила и кодекси против тие што играат на валкан начин и дека ќе почнат да го применуваат принципот „око за око-заб за заб“.

Соопштението на „Комити“ може да го прочитате на нивната страница на Фејсбук.

Прекин на навивачкиот кодекс на однесување во однос на не-навивачките групи!
Комити Запад е навивачка група која има изградено висока навивачка свест во своите редови. Членовите на н.г. Комити се пред се’ урбани дечки, навивачки едуцирани и ориентирани според навивачкиот кодекс. Или барем до денес бевме такви. Покрај ривалската и етничка нетрпеливост, кои се се’ повидливи во нашиот град и земја, во ниеден момент не се доведовме на толку мизерно – ниско ниво, да напаѓаме бројчано помали групи или да посегнеме со оружје по нечив живот само поради разликите во боите на навивачите.
За жал, навивачката свест не е така изградена и во навивачките групи од другата етничка припадност, кои со себе си ги носат навиките и однесувањето како диво племе и покрај тоа што се смеетаат за навивачки групи.
Пред само неколку месеци, на љубилејната прослава 30 години Комити, на кукавички начин беа нападнати и избодени наши членови на три различни локации, од кои едниот наш член се здоби со убодна рана во пределот на срцето, а другиот нападнат е од зад грб.
Иако идентитетот на некои од сторителите беше познат, како и секогаш, органите на редот останаа глуви, а медиумите беа неми за овие настани. Интензитетот на ваквите немили настани од ден во ден се зголемува, а надлежните се’ потивки.
Ваквиот однос од страна на надлежните кои НЕ ГИ КАЗНУВААТ сторителите на овие (не)дела, ни создава сомнеж дека токму тие им даваат одврзани раце, а можеби и мотив повеќе на напаѓачите, т.е. не-навивачката група Шверцери.
Чашата ја прелеа денешниот инцидент на Рекорд, кадешто беше брутално нападнат наш помлад член којшто се враќал од училиште. Нападнатиот од неколкумина припадници на Шверцери се здобил со 3 убода од нож и се’ уште е во критична состојба, а ние се молиме за негово здравје!
Со оглед на тоа што се’ помалку сме во можност да ги заштитиме нашите најмлади членови од кукавичките напади и со оглед на тоа што ќе мораме да се прилагодиме на правилата на племето, ние решивме да прекинеме со однесувањето по навивачкиот кодекс во однос на не-навивачките групи и да се однесуваме по нивниот тертиф, по системот “Око за око, заб за заб”.
Со цел да избегнеме нови жртви и со цел да го избегнеме плачот на нашите мајки за нашите страдања од кукавичките напади со оружје, должни сме да го подготвиме и повикаме членството на самоодбрана со СИТЕ средства. Свесни сме дека пред законот не сме исти и дека еден аршин е за нив а друг за нас, но кога ќе дојде НОЖОТ до коска, болката не одбира начин за одбрана.
Групата е должна да го поддржи и заштити секој нејзин член, кој во самоодбрана го повредил или загрозил животот на напаѓачот.
Кога неправдата ќе стане закон, отпорот е наша должност!