Исчистете го организмот од отрови со овие пијалоци

Детоксикацијата на црниот дроб ја прочистува крвта и ја подобрува активноста на метаболизмот. Ви препорачуваме пет пијалаци кои треба да ги пиете навечер што ќе ви помогнат да го исчистите вашиот црн дроб и да ја подобрите неговата функција, да ги согорите мастите, да изгубите некој килограм повеќе и да внесете доволно хранливи материи. Според кинеската медицина, во времето кога телото мирува, црниот дроб најдобро функционира, па затоа пијалаците треба да ги пиете навечер за максимален ефект.

Топла вода со лимон

Овој пијалак можете да го консумирате во вечерните часови, или наутро, одлично функционира и навечер и наутро. Сè што ви е потребно е еден лимон и вода, а пијалакот можете да го подготвите со загревање на водата и додавање на сокот од лимон, а можете да додадете и лажица мед по вкус и консумирајте го 3 недели, најмалку 30 минути пред спиење.

Чај од камилица

Овој пијалак е познат како чај од камилица. Има моќни антиоксидантни и седативни својства и е одличен за нервниот систем, ослободување од стресот и поквалитетен сон. Бидејќи има анти-воспалително дејство, овој пијалак ја намалува тензијата од воспалените ткива и мускули, а сè што ви треба е вода и чај од камилица и треба да го консумирате секој ден во текот на две недели.

Чај од ѓумбир и лимон

Ѓумбирот и лимонот содржат многу витамин Ц и помагаат при губење на тежината. Овој чај има антиоксидантни својства кои ја подобруваат работата на метаболизмот и ги спречуваат болестите. Исто така, анти-воспалителните својства што се содржат во оваа топла напивка помагаат во борбата против целулитот. За подготовката на овој чај потребни ви се половина лимон, парче ѓумбир и вода, а се подготвува на следниот начин: водата се остава да зоврие и се додава сокот од лимон и ѓумбир, па потоа се остава да отстои 15 минути и се промешува. Овој пијалак треба да го консумирате три пати неделно пред спиење.

Овес

Овесот е одличен за чистење на цревата и црниот дроб, бидејќи содржи многу минерали, витамини и влакна. За подготовката се потребни: шест чаши вода, лажичка цимет во прав и овес. Како да го подготвите? Најпрво треба да го оставите овесот добро да се натопи во вода седум часа, потоа исфилтрирајте и измијте со чиста вода за да ги отстраните нехранливите материи, и најнакрај додадете вода и цимет.

Чај од нане

Нането содржи силни својства кои помагаат во подобрувањето на варењето на храната и исто така, има есенцијални масла кои ги отстрануваат штетните материи од црниот дроб и дебелото црево, а потребни ви се само вода и чај од нане. Овој пијалак треба да го консумирате секоја вечер три недели, половина часа пред спиење.