ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев го информираше господинот Јункер, дека во Република Македонија сопственици на медиуми се осудуваат на затвор заради новинарски текстови

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува заложбата на Претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер, за интегрирање на Република Македонија во ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ останува силно посветена на европската интеграција на државата. Интеграцијата во ЕУ е единствена шанса за нашата држава за економски и општествен раст и развој, рамо до рамо со развиените држави од Европа.

ВМРО-ДПМНЕ останува силно на заложбите за демократска Република Македонија во која принципот на владеење на правото ќе се почитува од сите институции. Дејствијата на власта и нејзината досегашна работа не се во согласност со европските вредности.

СДСМ и Зоран Заев не можат да зборуваат за реформи, кога по 9 месеци немаат реализирано, ни 50% од планот 3-6-9. Наместо посветеност на реформските процеси, власта се насочи кон креирање на штетни договори, неуставни закони и расипничко трошење на парите на граѓаните.

Граѓаните го прашуваат Зоран Заев, дали го информираше Претседателот Јункер, за политичката тортура која се спроведува во државата, неоснованите притвори и монтираната истрага против десетина лица за тероризам.

Го информираше ли Заев својот соговорник дека Република Македонија е единствената држава на тлото на Европа во која има политички затвореници?

Дали Заев го информираше господинот Јункер, дека во Република Македонија сопственици на медиуми се осудуваат на затвор заради новинарски текстови?

Јавноста се прашува дали Заев го запозна својот соговорник со непотизмот кој царува во неговата влада и институциите со кои раководат кадри на СДСМ.

СДСМ и Заев со своето дејствување ја загрозуваат демократијата и правната држава. Декларативните заложби за демократија не се доволни. Република Македонија има потреба од слободна држава во која владеењето на правото е единствен принцип по кој се водат сите.

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Зоран Заев