Сите во шок: Ердоган мета на критики поради разговорот со ова девојче (ВИДЕО)

Објавено: понеделник, 26 февруари 2018 во 20:20
Spread the love

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган стана цел на жестоки критики откако во говор пред партиски симпатизери на расплакано девојче во униформа и рекол дека би и било чест да умре во борба.

Како што јави Би-Би-Си, на Ердоган за време на говор пред членови на владејачката АКП, од публиката му е донесено девојче во униформа.

– Гледајте кој е тука! Девојче, што правиш ти тука? Тука имаме наши црвени беретки, но црвените беретки никогаш не плачат, му рекол турскиот претседател на расплаканото девојче.

Ердоган потоа забележал дека девојчето во џебот од униформата има турско знаме.

–  Ако загинеш во борба, ќе положиме знаме на тебе, дај боже. Се е подготвено зарем не?, прашал Ердоган, на што девојчето потврдно одговорило.

Тој потоа ја бакнал во образ и ја пуштил да се симне од бината.

Јавноста на социјалните мрежи го осуди ваквото однесување на Ердоган и додека некои го обвинија за злоставување деца, еден корисник Твитер напишал: Ова е срамота. Ова навистина е грозно. Таа е само дете! Не можете да и посакате смрт и уште да кажете „дај Боже“.