Пет терористички групи се обединиле – имаат само една цел…

Ситуацијата во Сирија во изминатиов месец ескалираше откако се разгореа борбите на веќе постоечките фронтови, но исто така се отворија и нови жаришта.

Советот за безбедност при Обединетите нации усвои примирје од 30 дена на целата територија на Сирија, но се чини дека ниту една страна засега не го почитува примирјето, а посебно не терористичките организации.

Од руското министерство за одбрана тврдат дека деновиве ситуацијата во Источна Гута ескалирала затоа што терористичките групи продолжиле со нападите на сириските безбедносни сили лојални на претседателот Башар Ал Асад.

Пет терористички фракции, вклучувајќи ја и озлогласената исламистичка Џајиш Ал Ислам, формирале заеднички врховен команден штаб во Источна Гута, откриваат извори на руското министерство за одбрана.

„Ситуацијата во Гута се влошува. Џајиш Ал Ислам, Џабат Ал Нусра, Ахрар Ал Шам, Фајчак Ар Рахман и Фаџир Ал Ум оформија заеднички центар за координација на групите“, стои во соопштението на Министерството за одбрана на Русија.

Од руското Министерство за одбрана тврдат дека припадниците на терористичките единици сега планирале да изведат хемиски напади врз населението во Источна Гута со цел да се обвини официјален Дамаск дека наредил такви напади и да се дискредитира сириската влада.