ВИДЕО: Вооружена банда упадна на забава кај богаташ, но ги чекаше изненадување

Објавено: недела, 25 февруари 2018 во 12:03
Spread the love

Вооружена банда упадна на имотот на еден богаташ во Најроби со намера да ги ограби гостите кои присуствуваа на забавата. Сопственикот на имотот се спротивстави на бандата, а одредени медиуми целиот инцидент го споредија со филмот „Умри машки“.

Седумчлената вооружена група упадна на приватниот посед , но не очекуваа дека домаќинот ќе ги дочека подготвен. Безбедносните камери го снимиле целиот инцидент. Додека ги испраќал своите гости при отворањето на главната капија, тогаш влегле ограбувачите, а еден од нив бил вооружен со автоматска пушка Ак-47. Иако бил сам спроти седумте разбојници, сопственикот кој поседувал полуавтоматска пушка убил еден од напаѓачите, тешко ранил двајца, а другите почнале да бегаат.