Метеоролозите прогнозираат бури и поплави на Балканот на пролет

Топлите пролетни температури многумина ги очекуваат со воодушевување, но тие со себе во некои делови на Европа, посебно на Балканот, ќе донесат опасни бури и поплави, објавил во големата прогноза за пролет метеоролошкиот сервис “AccuWeather“.

Подрачјето од Германија па сè до Белорусија и Украина ќе биде изложено на екстремни временски услови и олуји, додека обилните дождови ќе доведат до голема опасност од поплави на Балканскиот полуостров. На западот на Европа се очекува сува и топла пролет, дури и натпросечно топла.

Бурите и силните ветрови нема да бидат невообичаена појава во пролетните месеци на подрачјето на Германија и Полска, а не се исклучени ни разорни олуји, пишува метеорологот на “AccuWeather” Тајлер Ројс.