Легија направи хаос во судницата: Ме за*****те 17 години!

Милорад Улемек Легија кому му е суди поради сомнение дека го организирал вооружениот бунт на Единицата за специјални операции во 2001 година, вчера пред Специјалниот суд изјави дека нема што да изнесе во своја одбрана бидејќи не е виновен, како и дека „ се срами од туѓиот срам“.

-Обвинението го примив, јазично го разбрав, но не знам како да се изјаснам. Се срамам од вашиот срам. Оваа агонија трае веќе 17 години, а на правосудството му требаа 10 години за да ја покрене постапката. Се влечкаме седум години на суд и денеска ова почнува од почеток. Од почеток пак ќе ги слушаме истите приказни. Да не сум сега овде, ќе мислам дека некој ме за***ва, изнервирано рече на судската говорница Улемек кој вчера под специјални мерки за обезбедување беше пренесен во Специјалниот суд од пожаревачката Забела.

Легија, кој отслужува максимална казна од 40 години затвор за убиство на премиерот Зоран Ѓинѓиќ и други кривични дела, рече дека ова што му се прави нему и на останатите обвинети „повеќе нема смисол“.

-Два пати му пишав писма на претседателот на судот за да видам зошто го прави ова, но секој пат добивав некакви паушални одговори. не сакам да навлегувам во политички игри кои се играат во моментов, но ова навистина повеќе нема смисла. Седум години по истрагата ние сега седиме овде, два судски совети судеа и буквално го доведоа процесот до крај, а ние сега пак почнуваме од почеток. Ве молам, најдете сили да ставите точка или решете го овој случај. Не знам што друго да кажам-се обрати обвинетиот на судскиот совет пред кој поради измена на составот постапката формално мора да почне одново.