Две сестри жртви на полов напад

Веста за 13 годишното девојче кое било сексуално злоставувано отвора два нови случаи на полов напад на две поранешни штитенички на домот за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми. Се работи за две сести на  возраст од 13 и 16 години. Биле  жртви на полов напад  во текот на 2013 та година, кога биле и штитенички во тогашниот Дом 25 ти мај. Од МВР го потврдувата овој слуја за кој веќе има истрага, пренесува телевизија 24 ВЕСТИ.

„Во текот на 2013 година, од страна на нивната мајка било пријавено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“ извршен од страна на непознат сторител на возраст од околу 35-40 години врз двете деца. Притоа, од страна на СВР Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство, била поднесена кривична пријава против Н.А. (34) од Скопје“, велат од Министерство за внатрешни работи

Двете сестри со судска одлука во 2012та година биле одземени од биолошката мајка и сместени во домот. Според информациите од мвр се работи за малолтени лица – сторители на кривични дела. од 2012 па се до 2015та година од страна на вработени во домот   биле пријавувани за изсчезнати и тоа по 50 тина пати . Во 2015 година ,  помалата сестра била  сместена  во згрижувачко семејство со што според МТСП  успеала да се извлече од канџите на сивилото и да се излеува од зависноста од лепак вклучувајќи се во образовниот процес. Сега, мајаката го бара детено назад откао судот и го вратиул стрателството. Оф Министерството за труд и социјална политика се запознени со случајот и велат дека лани , по рагзовор со мајката и нејзиниот партнер не постоеле услови за тоа .

„Од страна на стручниот тим на МТСП проценето е дека севкупната состојба негативно би влијаела врз девојчето, кај кое во изминатите две години има забележителен напредок“ – велат од МТСП

Додека 16 годишната девојка, според МВР уште во 2015та година била вратена кај нејзината мајка.

Последниот обелоден случај со злоставувањето на 13 годишно девојче  заврши со најавени прекршочни и кривични пријави за одговорни и стручни лица како и  оставка на директорот на Завод за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение.

Премиерот Зоран Заев пак вчера од собраниската говорница  побара максимална казна за ваквите појави, затоа што само така ќе се испрати пораката никогаш да не се повтори.

ВИДЕО НА 24 ВЕСТИ