Чурукотот лек за секоја болест

Чурукотот во својата чаура, која по изглед потсетува на чаура од мак, содржи темни зрна, кои после жетвата се сушат. Од овие семиња со ладно цедење се добива масло кое е богато со незаситени полномасни киселини. Тие киселини се есенциални (од животна важност), па со храната е потребно да се внесуваат во организмот. Да наброиме само некои од големиот број на заболувања против кој се користи овој чудотворен лек: за акни, алергии и асми, надување на стомак, целулит, настинка, болки во зглобовите, недостаток на концентрација, камен во бубрегот, делимична импотентност, тешки облици на неплодност, запаление на непца. Значи сето ова е можно да се излечи со маслото од чурукот. Денес чурукотот се одгледува претежно во Сирија, Ирак, Египет, Америка, Индија, Пакистан, Иран, Грција и на Кипар, затоа што најдобро успева во сончевите области.

Низ историјата

Египетскиот ел – берека чурукот е едно од најраните култивирани растенија на човештвото. Дури во скоро време оваа билка е новоткриена од страна на докторите по алтернативна медицина, имунолозите, како и разни фармацевтски организации. Скапоцените својства на чурукотот се познати од дамнина, па поради тоа е употребуван во многу култури насекаде низ земјината топка. Семето на чурукотот (лат. Нигела Сатива) се спомнува во Библијата под името ким, Иако не припаѓа на иста фамилија билки, па од тука тој назив е погрешен, тој и ден денес се користи во германското говорно подрачје, каде за чурукотот (збор од турско потекло) се употребува изразот Schwarzkummel – црн ким. Уште во старо време ова семе е користено при правењето на леб. Познато е дека во гробницата на Тутанкамон е пронајдено шишенце со масло од чурукот.

Користите на оваа билка ги опишал и Мухаммед, с.а.в.с., во хадисите (преданијата) , со зборовите:

„Чурукотот содржи во себе лек за сите болести, освен за смртта.“ Овој хадис на Пратеникот, с.а.в.с., (кој го пренесува Ебу Хурејре, во сахих предание , а забележено од Бухари и Муслим) е заслужен за огромната популарност на чурукотот во исламскиот свет, кое исто така го нарекуваат и благословено зрно. Модерната наука до денес ја потврдила исправноста на овој хадис.

И пред, Мухаммед, с.а.в.с., докторите на фараонот го користеле оваа масло и крем од чурукот кај болестите на дигестивниот систем. Многу е користен во козметиката: Нефертити и Клеопатра си го негувале телото со масло од чурукот и го користеле како додаток при бањање. Покрај тоа во Ориентот, чурукотот веќе илјадници години се користи за лекување на алергии и запаленија. Најчесто се употребува кај астмата, бронхитисот и неуродермитисот. Во античка Грција чурукотот е познат како сретство за зајакнување при физичка и психичка слабост кај болните. Во нашите краеви долго е користена тинктурата на чурукотовото масло за лекување на подуеноста, болестите на желудникот, градите, црниот дроб, и за многу друго. Дури низ модерната хај-тех медицина, маслотоод чурукот паѓа во заборав. Во Европа ова растение стекнува голема популарност во Средниот век, откако во 1031 година излегла збирката на на исламскиот филозоф и лекар Ибн Сина (познат под латинизираното име Авиценна) во“Книгата за лечење на душата“. Медицинскиот дел од збирката Canon medicinaeво 11 век бил од енормалнаважност за втемелување на медицината како наука, и важел за најбитен учебник на медицинските факултети во Европа наредните 500 години. Ибн Сина покрај останатото, го опишува извонредното дејство на Чурукотот за одржување на здравјето. Покрај тоа, книгата содржи многубројни совети и рецепти, кои египетските лекари и денесчесто им го препорачуваат на своите пациенти.

Чудотворен лек – масло од чурукот

Во минатото десетлетие, американските и арапските научници од реномираните истражувачки институти (меѓу останатите и во Центарот за истражување против рак Hilton Head Island во Јужна Каролина) почнуваат со помош на модерни методи, да ја анализираат оваа благослевена билка. Дошле до следните резултати:

-Семето на чурукотот содржи повеќе од стотина состојки кој позитивно влијаат на здравјето, го потпомагаат варењето и работата на цревата.

-Супстанциите во екстрактот на чурукотот го зајакнуваат имулошкиот ситем во борбата против тумурните заболувања.

-Маслото од чурукот делува против бактериите и габичните заболувања.

-Маслото од чурукот има ефект за намалување на шеќерот во крвта

-При долготрајна употреба на маслото од чурокот се зајакнува имунолошкиот систем.

Покрај тоа откриле дека Нигела – Сатива – екстрактот, употребен во поголеми количини, го предизвикува следното:

-Стимулацијана клетките на коскената срж (пораст за 250%)

-Зголемување на продукцијата на Т – клетките помагачи и Б- клетките произведувачи на антитела во имунолошкиот систем

-Зголемена продукција на интерферонот / белковините кој се од голема важност за имунолошкиот ситем

-Го спречува размножувањето на клетките на ракот ( 50% успорување на развојот)

Еден друг инсититут за истражување, Cancer Immuno-Biology Labaratory, независно од овие резултати, експериментирајќи на животните исто така добиле резултат дека чурукотот го намалува развојот на клетките на ракот.

Незаситените полномасни киселини, кои се содржани во чурукотот, се потребни како клучни материи на хормоните на ткивата. Тие ја потикнуваат размената и варењето. Освен ова го регулираат холестеролот и овозможуваат здрава размена на материите. Така да за косата и кожата се од голема важност.

Досегашниоте испитувања покажале дека чурукотот не дејствува дирекно на поедини органи, туку дејствува на комплетниот организам преку имунолошкиот ситем(зајакнување / ревитализација) и прочистување преку дебелото црево, така да користа е повеќекратна.

Студијата во Детскатауниверзитетска клиника во Маинз – покажала декаГамма – линолен – киселината содржана во чурукотот, има анти – асматичен ефект, бидејќи спречува алергиски реакции.

Со зголемениот стрес, конзумирањето на сретства за уживање, малку движење, еднострана или погрешна исхрана ние си го уништуваме имунолошкиот ситем. Модерните имунолошки истражувања потврдуваат дека редовната употреба на чурукотовото масло делува спречувачки против опшествените болестикако што се некој видови на рак, запушување на артерии, ревматски заболувања, појава на мрежа на очите…

Долгорочната, консеквентна употреба на маслото од чурукот ги поправа разните симптоми на оние кој имаа алериии во 90% случаеви. Освен тоа ги подобрува имунолошките ефекти, помага при алергиата на полен и прашина, кај неуродермитисот, асмата, инфекциите и други болести. Маслото од чурукот може да се користи како додаток на исхраната до 3 грама дневно – мислење на др. Schleicher од Оделението за имунологоја во Минхен.

Битно е да се знае дека до потполно дејството на чурукотот доаѓа дури после 8 до 12 недели редовно конзумирање, истакнува имунолошкиот експерт др. Schleicher.