ВИДЕО: Јутјуберката која тврдеше дека веганството лечи рак – Почина од рак!

Мари Лопез, која со својата роднина Лиз Џонсон го водеше каналот „Мари и Лиз“, посветен на здрав животен стил починала во декември лани од канцер кој метастазирал на нејзините бели дробови и црн дроб.

Мари во своите емисии тврдеше дека веганството може да ги излекува луѓето од рак, а Лиз и понатаму верува во тоа. Таа смета дека Мари би била спасена ако нејзините негуватели не ја хранеле со месо.

„Тој начин на исхрана, во комбинација со подготовката на храна во микробранова, ја чинеше живот. Од секогаш беше против микробранова, која мојата мајка сепак ја користеше за да и подготвува храна“, рекла Лиз.

Мари исто така се подложувала на строги „детокс диети“, како 90- дневно чистење на организмот со сокови на база лимон и ѓумбир.

Мари исто така открила дека целосно ги избегнала терапиите кои и ги препорачуваа нејзините лекари.

„Тоа беше мој избор. Добро сум, не умрев, не отидов во болница…ќе продолжам по овој природен пат. Готово е со тоа, излекувана сум. Го чувствувам тоа во мојот дух и моето тело“, рекла во една прилика.

И Мари и Лиз верувале дека моќта на молитвите се како вид на лекување“, пренесува Индепендент.

„Бог ме однесе кон овошјето и зеленчукот во продавница како би ми помогнал да се излекувам“, рекла Мари.

Лиз по смртта на Мари ја укинала можноста за оставање коментари и објави ново видео во кое коментира се што се случувало до тогаш.

Таа тврди дека тие две немале намера да ги измамуваат луѓето, туку да им помогнат.

Лиз исто така вели дека цел на објавување на снимките не биле пари, со оглед на тоа дека досега на реклами заработиле многу малку.