Македонците и Србите се генетски најслични

Објавено: понеделник, 19 февруари 2018 во 15:34
Spread the love

Според генетските истражувања базирани на проучување на хаплогрупите во човековата генетика се покажува дека на Балканот нема големи генетски разлики помеѓу народите.

Интернет претприемачот од Србија, Исток Павловиќ од истражувањата изведе заклучоци дека митот за црниот тен кај Србите е поради мешањето со Турците е погрешен, односно дека „црнилото“ е од мешањето на староседелците на Балканот со доселените Словени.

Тој кажува дека природата не знае за Срби, Хрвати, Бошњаци, Албанци…туку дека сите балкански народи се слични, како Норвежаните и Швеѓаните, а разликите се само културолошки.

Тој прави листа во која пишува дека Србите и Македонците имаат 96 отсто сличност во гените, додека Србите имаат 66 отсто сличност и со Грците, 65 отсто со Унгарците, 61 отсто со Романците, 57 отсто со Литванците и 53 отсто со Бугарите.