Алекс Ружин ветува работно место на девојка- сега сè е во наши раце и можеме да ти обезбедиме државна функција (ФОТО)

 

Алекс Ружин, еден од најголемите критичари на претходната власт на Инстаграм на една девојка од Србија и вели дека сега власта е во нивни раце и може да и обезбеди државна функција, покажува разговорот кој кружи на социјалните мрежи.

-Медена другарке, те чекам заедно да ја прославиме победа и доаѓањето на власт. Сега барем се во наши раце и тебе можаме да ти обезбедиме државна функција, само изрази желба (можеби во нашата Амбасадата во Белград). Многу поздрави до тебе и до госпоѓа мама.

Во јавноста се коментира дека ваквиот однос од лицата од новата власт и срамота, не само за нив, туку и за целата држава, посебно што во такво светло ја претставуваат државата надвор од нашите граници, ако се знае дека ова ветување на Ружин е на девојка од друга држава.