Катица Ќулавкова: Каква е таа цивилизација и демократија која не ги почитува основните цивилизациски и демократски начела

Објавено: четврток, 8 февруари 2018 во 19:11
Spread the love

Толку се релативизира идентитетот на Македонците од самите Македонци што се создава неверојатен медиумски амбиент кој сугерира дека со нетрпение се чека промената на името на државата Република Македонија во пакет со промената на името на македонскиот јазик и на македонскиот народ и згора на тоа и промена на составот и личната карта на државата РМ од национална во бинационална и двојазична.

Автодеструктивен колективен ум без преседан во историјата. Да се смени името на македонскиот јазик во горномакеддонски вардарскомакедонски е културоцидно. Со тоа се негира не само темелот на македонскиот културен национален и државен идентитет, туку се негираат сите стекнати научни придобивки шо однос на македонскиот јазик признаен во славистиката и лингвистиката. Со тоа сами ќе даде легитимитет на тезата дека сме вештачки конструкт како народ и јазик и дека немаме легитимно државотворно право.

Никој нема мандат да го прави тоа. Се работи за патоген и криминоген идентитетски инжинеринг. Каква е таа цивилизација и демократија која не ги почитува основните цивилизациски и демократски начела? Не признавам цивилизација која негира една неспорна и богата јазична, културна и национална реалност напиша на својот Фејсбук профил професорката Катица Ќулафкова.