Видео од ликвидирањето на терористот од “Исламска држава” во Русија
Објавено:
петок, 2 февруари 2018 во 12:19
ФСБ на Русија објави видео од ликвидирањето на терористот од “Исламска држава”.
Тој планирал да изврши терористички акт во Нижни Новгород и тоа на денот на претседателските избори во Русија, соопштува rt.ru.
На видеото се гледа како командоси на специјалните сили на ФСБ, кои продираат во јамата на терористот кој се обидел да даде отпор, но тој е убиен на лице место. Во видеото исто така се гледа и оружјето на ликвидираниот исламист.