Врие од полиција во Ченто: Каменуван автобус на ЈСП, повредени средношколци
Објавено:
четврток, 1 февруари 2018 во 22:19
Околу 15 лица се приведени во инцидентот кој доцна попладнево се случи на последната автобуска постојка на 45 во скопско Сингелиќ.
Според првичните информации со кои располага МВР, околу 19:35 часот на улицата „Алија Авдовиќ“ дошло до тепачка меѓу две групи, при што едната група го каменувала автобусот со број 65-б.
Од каменување биле искршени четири прозорци на вториот кат од автобусот.
Приведени се околу 15 лица од двете групи и однесени се во полициска станица на разговорот.
Засега нема информации дали во инцидентот има повредени лица.