Свети Сава, архиепископ Српски

Објавено: сабота, 27 јануари 2018 во 11:36
Spread the love

Свети Сава, архиепископ Српски

Син на српскиот жупан Стефан Немања, се роди во 1169 година. Како млад жеднееше за духовен живот, заради што побегна на Света Гора, каде што се замонаши и со ретка ревност го мина сиот подвижнички раст. Немања тргна по примерот на синот, па и самиот дојде на Света Гора, се замонаши и умре како монах Симеон. Сава издејствува кај царот и кај патријархот независност за српската Црква и стана прв архиепископ српски. Заедно со татко му го подигнаа манастирот Хилендар, а потоа и многубројни манастири, цркви и училишта по српската земја. Двапати патуваше на поклонение во Светата Земја. Ги измируваше своите браќа раскарани околу власта, ги измируваше Србите со соседните народи. Се упокои во Трново, во времето на царот Асен, откако се разболе после литургијата на Богојавление, на 12 јануари 1236 година. Кралот Владислав му го пренесе телото во Милешево, од каде што Синан паша го зеде и го запали на Врачара во Белград, на 27 април 1595 година.

Преподобните маченици Синајски и Раитски

Овие отци беа убиени од Сарацените едни во 4, а дурги во 5 век.

Свети Илариј, епископ Поатиски

Ревносен борец против Ариевата ерес на Запад. Многу страдаше за одбрана на Православието. Напиша повеќе списи, од кои најважен е оној за Света Троица. Се упокои во Господ во 362 година.