ВИДЕО: Маж нападнат и каснат од кучиња скитници во Градско!

Објавено: среда, 24 јануари 2018 во 20:23
Spread the love

Видео објавено на Фејсбук на кое се гледа како маж во Градско е нападнат од десетина кучиња скитници предизвика бура од коментари. На видеото се гледа како мажот во обид да се одбрани од кучињата мавта со торба кон кучињата, меѓутоа не успева да ги растера по што на помош доаѓа друг граѓанин.

Во изминатот период поради се почестите напади на кучињата, граѓаните поставуаат отров за кучињата што претставува кривично дело поврзано со насилство врз животните, а воедно и опасност врз животот на децата кои најчето си играат во парковите каде има расфрлан отров.