За три месеци, починаа пет порно ѕвезди

Пронајдена е мртва уште една млада порно-актерка, петта во изминатите три месеци. Станува збор за 23-годишната Оливија Луа, која во филмовите за возрасни се појавувала и под името Оливија Волтер.

Агенцијата на актерката „ЛА директ моделс“ објави дека Луа починала додека била на рехабилитација од зависност.

Нејзиното семејство било загрижено поради преголемиот број лекови што ги користела, а се верува дека за неа фатална била мешавина на лекови и алкохол.

Ноќта, пред нејзината смрт, Оливија на Твитер објавила фотографија од себе со коментар:

„Го чувствувам насекаде, ништо веќе не ме плаши“.

Луа е петтата порно жртва во изминатите три месеци. Пред неа, животот прерано го завршија Јури Лув (32), Август Ејмс (23), Шила Стилзес (35) и Оливија Нова (20).