Симптоми што укажуваат на рак на желудникот

Објавено: понеделник, 22 јануари 2018 во 20:29
Spread the love

Канцер на желудникот ретставува развој на тумори во желудникот поради неконтролирано растење на клетките.

Истражувањата покажуваат дека од рак на желудник најчесто заболуваат мажи над 55 години кои не внесувале доволно влакна во исхраната, често јаделе црвено месо, зачинета и солена храна.

Симптоми што укажуваат на рак на желудник во почетен стадиум се проблеми со варењето, подуеност, гасови, киселини, брзо заситување, мачнини, болки во стомакот, дијареја и повраќање.

Кога болеста ќе напредне, се јавуваат симптоми како крв во столицата или црна столица, лош апетит, губење на тежина, умор, анемија, жолтило на кожата и на очите.

Овој вид на канцер главно може да се излечи ако се открие на време, затоа докторите препорачуваат да се прегледате веднаш штом забележите некој од овие симптоми.