Откриените нови делови од црквата СВ. Ѓорѓи под битолската Јени Џамија

Објавено: сабота, 20 јануари 2018 во 20:28
Spread the love

Случајно откриените нови делови од црквата СВ. Ѓорѓи, врз чии остатоци во 16 век била изградена битолската Јени Џамија, ги запреа градежните активности за реконструкција на фонтаната пред џамијата. Од Завод и музеј Битола , велат дека пред да продолжи партерното уредување на просторот потребно е да се изврши археолошко истражување на новопронајдените остатоци, за што побарана е финансиска поддршка од Министерството за култура, Управата за културно наследство и општина Битола.

„При ископ за инфраструктурен дел, односно на кабел за електрична енргија откриени се два дела од црквата пронајдена под Јени Џамија, тоа е северниот и јужниот дел од проскомидијата. Потребно е тие два дела да се истражат археолошки и да се документрираат„, изјави Слободан Стојкоски, археолог во НУ Завод и музеј Битола.

Со археолошките истражувања во изминатите 15 години, под џамијата се откриени остатоци од три цркви кои биле градени и уривани, средновекона некропола, како и голем број артефакти, кои се од непроценливо значње за историјата на градот.

„Црквата Св Ѓорѓи под Јени џамија е директен линк со словенската материјална култура и со нивноот инкорпорирање на овие простори. Таа датира од 7 до 14 век во повеќе различни фази и е доказ за постоењето на градот Битола„, изјави Стојкоски.

Дел од подот во џамијата е застаклен, од каде се гледаат пронајдените делови од христијанскиот храм. Проектот за конзервација и реставрација на Јени џамија се одвива во неколку фази и има за цел објектот да биде презентиран како археолошки локалитет и галерија, кои ќе го обединуваат христијанското и исламското културно наследство.

Емилија Мисирлиевски за Телма