ПОТРЕБНА Е ПОМОШ ЗА ОВА СЕМЕЈСТВО: Другарчињата не сакаат да си играат со нас, ни се смеат и не бркаат

Во мала, трошна куќа во тетовското село Јанчиште, во поцрнетите и одронати веќе зидови тажната и сурова судбина ја дели ова петтчлено семејство, татко кој поради нарушено здравје не може да работи а нема никакви примања, мајка која работи кога некаде ќе се најде нешто за да се прехранат нејзините сопруг, ќеркичка кај која поради недоволно средства за соодветно лекување во застој е физичкиот развој, за да напредува и изгледа како нејзините врсници неопходна е посебна нега и редовни посети на лекар, и уште едната ќеркичка и најмалото синче, сите три дечиња се многу мили, интелегентни…

“Имаме другарчиња, не се дружат со нас, нема каде да дојдат а мислат дека ние не ги сакаме” вели 9 годишното синче додека пак малата сестричка кажува ” Не ги викам, ми се смеат, ме бркаат и не играат со мене и секогаш кога купуваат на одмор за да јадат мене не ми даваат ништо”.

Потребна им е нашата помош за да имаат пристоен дом и насмеани лица, за да го живеат животот со радост, да им помогнеме околу условите дома, кречење, санирање на тоа што треба, да им обезбедиме нешто од покуќнина, облека, храна, додека ќе се обидеме и за мајката да најдеме работа покрај која ќе може да ги изнесе сите останати обврски околу дечињата и сопругот, стои во апелот на социјалните мрежи.

За да помогнете во било која смисла и на било кој начин јавете се на***** 078/223-095***** или во инбокс.

Извор:skopje24.mk