Правосудство: СЈО води истрага за Орце Камчев

Објавено: петок, 12 јануари 2018 во 12:17
Spread the love

Специјалното јавно обвинителство отворило истрага која се однесува на продажбата на земјиштето спроти „Рамстор“, во центарот на Скопје, а како осомничен се води сопственикот на „Орка холдинг“, Јордан Камчев, пренесе Правосудство.мк, повикувајќи се на свои извори.

Според информациите, СЈО веќе доставило барања до редовните обвинителства за предавање на веќе отворени предмети, а во кои тие или не постапувале или носеле одлуки со кои само формално констатирале дека во купувањето на земјиштето зад „Рамстор“, во 2007 година, немало ништо незаконски.

Од СЈО веќе ги информирале редовните обвинителства дека тие веќе оформирале предмет кој се однесува на продажбата на земјиштето и дека зад продажбата се криел токму бизнисменот Орце Камчев.