Литургии за Св. Василиј Велики

Од Дебарско кичевската епархија информираат за одржувањето на литургиите на 14-ти јануари, по повод празникот Обрезание господово и Св. Василиј Велики, православна Нова година- Василица.

Во недела, света василиева литургија ќе се служи во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 08:30 часот. Литургија ќе има и во манастирот „Св.Климент и Св.Пантелејмон“–Плаошник.