Еве ги пратениците кои гласаа за двојазична Македонија – Oд СДСМ велат дека измените се во согласност со Уставот

Денеска во Собранието на Република Македонија пратениците со 69 гласа ЗА и ниту еден против или воздржан го изгласа Законот за јазиците, во Собранието не беа присутни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај пратениците на СДСМ за законот гласаа и сите други пратеници од владината коалиција.
Судовите, обвинителства, како и сите институции ќе бидат обврзани да овозможат користење и примена на албанскиот јазик. Униформите на специјалните единици на полицијата, пожарната и здравствените работници во Скопје и во другите градови каде Албанците се присутни со над 20 отсто од населението ќе бидат двојазични. На социјалните мрежи веќе се споделуваат фотографии за тоа како ќе изгледаат новите амблеми. Законот за употреба на јазиците кој денеска беше изгласан, предвидува основање на Агенција за примена на јазикот што го зборуваат 20 отсто од граѓаните, која ќе биде финансирана од државниот буџет. Предвидено е и формирање на Инспекторат за употреба на јазиците во рамки на Министерството за правда, а ќе се регулира со посебен закон.
Со усвоените измени не се загрозува уставната положба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен јазик на целата територијата, како и во меѓународните односи, а се унапредува употребата на јазиците на сите заедници во Република Македонија.

 

Овие пратеници гласаа ЗА Законот за јазици:

1. Томислав Тунтев – ЗА
2. Анета Симеска – Димоска – ЗА
3. Павле Богоевски – ЗА
4. Костадин Ацевски – ЗА
5. Диме Велковски – ЗА
6. Сашко Атанасов – ЗА
7. Лидија Тасевска – ЗА
8. Милева Ѓорѓиева – ЗА
9. Мирослав Јовановиќ – ЗА
10. Панче Иванов – ЗА
11. Ристе Ташев – ЗА
12. Александар Кирацовски – ЗА
13. Бетиане Китев – ЗА
14. Тања Ковачев – ЗА
15. Васко Ковачевски – ЗА
16. Сашко Костов – ЗА
17. Катерина Кузмановска – ЗА
18. Жаклина Лазаревска – ЗА
19. Мери Лазарова – ЗА
20. Хари Локвенец – ЗА
21. Бранко Маноиловски – ЗА
22. Никица Корубин – ЗА
23. Горан Милевски – ЗА
24. Соња Миракивска – ЗА
25. Горан Мисовски – ЗА
26. Јован Митрески – ЗА
27. Јулиана Николова – ЗА
28. Бери Рабаџиевска – Наумовска – ЗА
29. Илија Николовски – ЗА
30. Стево Пендаровски – ЗА
31. Костадин Костадинов – ЗА
32. Татјана Прентовиќ – ЗА
33. Чедомир Саздовски – ЗА
34. Кети Смилеска – ЗА
35. Славица Шуманска – Митева – ЗА
36. Ирена Стефоска – ЗА
37. Мира Стојчевска – ЗА
38. Фросина Ременски Тошевска – ЗА
39. Благојче Трпевски – ЗА
40. Петар Атанасов – ЗА
41. Ивана Туфегџиќ – ЗА
42. Јагода Шахпаска – ЗА
43. Татијана Лалчевска – ЗА
44. Мухамед Зекири- ЗА
45.Џеват Адеми- ЗА
46.Ејуп Алими- ЗА
47. Али Ахмети- ЗА
48. Амди Бајрам- ЗА
49. Теута Биљаљи- ЗА
50. Африм Гаши- ЗА
51. Артан Груби- ЗА
52. Мерал Узеири-Ферати- ЗА
53. Агим Муртезанов- ЗА
54. Мирсада Емини-Хасани- ЗА
55. Фадил Зендели- ЗА
56. Енес Ибрахим- ЗА
57. Реџеп Мемеди- ЗА
58. Реџаил Исмаили- ЗА
59.Алија Камберовски- ЗА
60. Неџбедин Каремани- ЗА
61. Ѓулумсер Касапи- ЗА
62. Весел Мемеди- ЗА
63. Маја Морачанин- ЗА
64. Ферид Мухиќ- ЗА
65. Самка Ибраимоски- ЗА
66. Сурија Рашиди- ЗА
67. Талат Џафери- ЗА
68. Агим Шаќири- ЗА
69. Шпреса Хадри- ЗА

Oд СДСМ велат дека Измените на Законот за употреба на јазиците, што Собранието ги усвои денеска, се во согласност со Уставот на Република Македонија и амандманот 5, донесен пред 17 години.

Кукавички и неосновани се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ. Доколку имаше било какви аргументи за лажните тврдења пратениците на ВМРО-ДПМНЕ можеа да присуствуваат и да ги бранат на денешната собраниската седница, наместо да бегаат.

Останува фактот дека на овој начин ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нема капацитет да ги надмине политиките на создавање вештачки поделби меѓу граѓаните.

Граѓаните одамна ги поразија деструктивните политики  и дадоа силна поддршка на демократските процеси што носат придобивки за сите граѓани и ја градат Македонија како едно општество за сите, се наведува во реакцијата на СДСМ