Нејзината храбост е за пример: На манекенката и рекле да абортира таа одбила

На манекенката Елизавета Булокховој на 24 години и дијагностицираа рак на вилицата, и од тој момент и почна вистинска агонија.

И рекоа дека ќе мора на операција за да и ја отстранат зафатената коска, а потоа ќе има и хемотерапија.

Меѓутоа тоа не е најлошото! Манекенката во тие моменти била бремена!.

Таа и сопругот Роман пред шокантнаа вест се радувале што ќе станат родители. Докторите и препорачале да абортира.

-Бебето беше многу активно во стомакот, и често разговарав со него додека беше во матката. Морав да и кажам да престане да мрда зошто не можам да ја задржам и наеднаш движењето престануваше. Ме послуша и престануваше да мрда, објаснува Елизавета.

Во последен момент, за вистинско чудо се појавила можноста да ја породат со царски рез. Нејзиниот син Валентин е роден 10 недели пред терминот. На интензивна нега во неонаталното одделени помина 51 ден.

-Си реков, што и да ми подготвил универзумот, ќе прифатам. Ако е предодредено да се роди моето бебе, ќе се роди, објасни младата мајка.

Хирурзите на Елизавета и отстранија 95 отсто од вилицата на операција која траела повеќе од 16 часа, по што одела на хемотерапија. Со оглед на тоа дека и требало сила за хемотерапијата, минала низ пекол. Устата можела да ја отвара само 5 милиметри и повеќето храна што ја примала била течна.

-Мојот стомак се собра, можев да јадам многу малку, но почесто. Ми требаше еден час за да изедам едно јајце, објасни таа.