Видео: Кренал товар од 500 килограми, па се онесвестил

Еди Хал од Њукасл е првиот човек на светот што крена товар од 500 килограми, но набрзо потоа се онесвести.

Хал, кој е познат под прекарот Ѕвер, изминатиот викенд постигна неверојатен успех, но призна дека за малку тоа и не го убило.

Тој во „Лидс“ арената заедно со уште двајца кревачи на товар успеале да кренат 465 килограми. Охрабрен од успехот, Хал побарал на тегот да му се додадат уште плочки. Но, при следниот обид, кога масата на товарот изнесувала половина тон, преголемиот напор му предизвикал пукање на крвни садови во главата и тој се онесвестил.

– Многумина се смееја и не веруваа дека ќе успеам. Им докажав дека грешат, иако за малку тоа ќе ме убиеше. Притисокот врз моето тело беше неверојатен, ми потече крв од носот и се онесвестив. Не е здраво да се прават вакви работи. Сепак, успеав. Сигурен сум дека некое време ќе бидам впишан во историјата. Тоа е убаво чувство, изјави 28-годишниот рекордер.

Еди Хал има сопруга, Александра, и две деца. Неговата наредна цел е учество на изборот „Најсилен човек на светот“.