Собор на дванаесет апостоли Павловден

Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи.

Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да ги имам сите знаења за сите работи, а и така силна вера, што и планини да преместувам,  – ако љубов немам, ништо не сум.

И да го раздадам целиот свој имот, да позволам телото да ми изгори,  – штом љубов немам, ништо не ми користи.

Љубовта е долготрпелива, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се гордее, не прави што е непристојно, не
бара свое, не се срди, не мисли зло, на неправда не се радува, а на
вистина се радува, се` извинува, во се` верува на
се` се надева, се` претрпува.

Љубовта никогаш не престанува, а другото, ако се пророштва, ќе
престанат; ако се јазици – ќе замолкнат; ако се знаења – ќе исчезнат. Оти по нешто знаеме и по нешто пророкуваме, а кога ќе дојде совршеното, тогаш
ќе исчезне делумното.

Кога бев дете, зборував како дете, како дете мислев, како дете размислував; а кога станав маж, го оставив детинското.  Сега гледам нејасно како во огледало, а тогаш лице во лице; сега знам нешто, а тогаш ќе знам како што
сум познат.

А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта;
најголема меѓу нив е љубовта.

Беседата „За љубовта“ од првото послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните

Апостол Павле не бил меѓу првите 12 христови апостоли, туку христијанството го примил подоцна. Во почетокот бил противник на христовата вера и прогонувач на христијаните, за подоцна да стане најсилен пропагатор на ова учење. Роден е во гратчето Тарс, во областа Каликија во мала Азија. Првобитното јудејско име Савле (што значи измолен) сам го променил во Павле (од римски павлус – мал, малечок). Родителите го дале на училиште и набрзо уште мал станал образован човек.

Се занимавал со ќилимарство и од тоа живеел. Кога се појавило христијанското учење бил на страната на еврејските свештеници кои се бореле против оваа вера. Кога дошло до првиот судир во кој загинале многу Христијани и Савле бил на страната на еврејските свештеници, ги фаќал Христијаните и му ги предавал на судот.

Учествувал и во каменувањето на св. Стефан Првомаченик, по што му ја зел облеката.
Но еднаш кога патувал за градот Дамаск за и тамо да се бори против Христијаните му се случило нешто што од корен го изменило неговиот живот. Одеднаш блеснала силна светлина и тој паднал на земјата. Од светлината слушнал глас: „Савле, Савле, зошто ме прогонуваш?“ „Кој си ти?“ – прашал исплашениот Савле. „Јас сум Исус кој ти го прогонуваш!“ – одговорил гласот. „Господе, што да правам?“ – запрашал Савле. „Стани и оди во Дамаск. Тамо ќе ти кажам што да правиш!“

Савле станал но ништо не гледал. Придружбата го одвела во Дамаск каде што останал три дена. На третиот ден дошол еден побожен човек кој му рекол дека е испратен од Исус да му каже дека е време да прогледа и да се исполни со Светиот Дух. Во тој момент му се вратил видот, тој се крстил и од најжесток противник на Христијанството станал негов најголем проведник на словото божјо. Откако брзо ја изучил христијанската наука почнал да проповеда по светот и познати се четирите негови патувања низ Мала Азија, Балканскиот и Апенинскиот Полуостров.

Заслужен е за покрстувањето на многу луѓе. Пишувал и посланици кои и денес во црквата се користат како свети книги и во нив ги упатувал верниците како треба да живеат за да ја имаат божјата наклоност. И во народниот говор и денес се вели „Од Савле стана Павле“, за некоја личност што од голем противник станал приврзеник на одредена дејност.

Со својата активност апостол Павле предизвикувал омраза кај еврејските свештеници кои неколку пати го затворале и мачеле. Бил обвинуван дека народот го поттикнува на непослушност. Еднаш бил предаден на Римјаните и наклеветен по што главата му била пресечена со меч. Поради многуте заслуги светата христова црква го ставила во редот на апостолите.

Неговиот празник се празнува заедно со празникот на св. Петар но и посебно, следниот ден на 13 јули заедно со празникот Собор на дванаесет апостоли.

Своето прво патување надвор од Азија, Светиот Апостол Павле го направил во Македонија. Тоа започнало во 51 година а завршило во 54 година, при што во текот на тие години Апостол Павле посетил и некои суб-сахарско-арапски градови, каде што, исто така, биле основани христијански црковни општини.

Според книгата ,, Дела на светите апостоли,, кога апостолот Павле се наоѓал во Троада, му се јавил насон ,, еден Македонец ,, кој што го молел велејќи:,, Премини во Македонија и помогни ни !,, (Д. А. 16,9). Народот кој што пред неколку векови, штитејќи ја Европа се кренал против Азија и со силата на своето оружје ја покорил, сега самиот го повикува светиот апостол Павле, за да ја донесе во Македонија големата благавест што се родила во Азија: и апостол Павле веднаш се одзвал на македонскиот повик. Уште истиот ден тој и неговите блиски соработници, кои го придружувале – Сила, Тимотеј и Лука, отпловиле во градот Филипи (Д. А. 16.11-12), кој град се наоѓал на 15 километри од брегот на Егејското Море.

Слушателите на апостол Павле биле пред се Македонци, а тоа може да се заклучи од Посланието на светиот апостол Павле до Филипјаните, каде се вели дека во Филипи имало многу мал број Евреи и суб-сахарско-арапски Грци.

Светиот Јован Златоуст. Зборувајќи за односот на апостолот Павле кон Македонците, вели: ,, О, каква нежна љубов имал тој кон Македонија и Македонците.